Интер го нуди Лаутаро Мартинез и кеш, за да дојде до Погба?

Италијанскиот калчолигаш Интер се обидува да го доведе Пол Погба на „Џузепе Меаца“ сакајќи да му парира на Јувентус кој подолг период плете мрежа околу можноста за враќање на Французинот во Торино. Раководството на „нероаѕурите“, според англиските медиуми, е подготвено да го   понуди напаѓачот Лаутаро Мартинез во зделката за ангажман на Пол Погба. Интер дополнително би платил и 50 милиони евра, со оглед дека играчот на Манчестер Јунајтед има поголема вредност на трансфер – пазарот.

Лаутаро Мартинез оваа сезона игра одлично во дресот на Интер, постигна осум гола на 14 натпревари во италијанскиот шампионат и за него интерес покажува Барселона.

Се вчитува...