Интер го официјализираше трансферот на Диего Годин

Италијанскиот калчолигаш Интер го потврди ангажманот на уругвајскиот интернационалец Диего Годин. Во првиот ден од летниот преоден рок, официјализирана е соработката до 30 јуни 2022 година. Искусниот дефанзивец доаѓа како слободен агент откако одлучи да го напушти Атлетико Мадрид.

Тој за шпанскиот клуб одигра 389 натпревари во сите конкуренции, најмногу од било кој странец во Ла Лига. Во Атлетико Мадрид пристигна од Вилјареал во 2010 година. Во наредните три години ќе го носи дресот на Интер.

„Има нов шериф во градот“, најави Интер во специјално видео за новиот фудбалер.

Се вчитува...