Интер го потпиша „новиот Агуеро“

Интер продолжува со активностите на фудбалската берза, па „нероаѕурите“ денеска го комплетираа трансферот на аргентинскиот голгетер Лаутаро Мартинез. Овој фудбалер беше поврзуван со неколку европски гиганти, но „нероаѕурите“ ја добија трката по неговите услуги нудејќи 23 милиони евра. Тој во Аргентина е познат како „новиот Агуеро“.

Лаутаро Мартинез потпиша договор до 2023 година и од стартот на подготовките ќе му се стави на располагање на тренерот Лучијано Спалети.

„Станува збор за играч висок 174 сантиметри, модерен голгетер кој игра подеднакво добро и со двете нозе. Физички е многу силен и може да игра и како класичен напаѓач и веднаш зад голгетерот“ – го опишаа „нероаѕурите“ своето најново засилување.

Се вчитува...