Интер го продаде Едер во Кина

Италијанскиот калчолигаш Интер го продаде напаѓачот Еден во Кина. Тој за сума од 6 милиони евра замина во редовите на Џиангсу. Тоа е клуб кој има многу блиски релации со „нероаѕурите“.

Синоќа на полноќ истече преодниот рок во кинескиот фудбалски шампионат, а Едер во последен момент беше регистриран за Џиангсу.

„Интер го објавува трансферот на 31-годишниот напаѓач Ситадинс Мартинс Едер. Тој заминува во Џиангсу во Кина. Едер дојде во нашиот тим во јануари 2016 година и оттогаш одигра 86 натпревари во сите конкуренции, постигнувајќи 14 гола“, објави калчолигашот Интер.       

Се вчитува...