Интер го совлада Киево и направи значаен чекор кон ЛШ

Интер го совлада Киево со 2-0 на домашен терен, стигна до 19.триумф во сезоната и направи голем чекор кон Лигата на шампионите. Тимот од „Џузепе Меаца“ сега има 66 бода и на две кола до крајот се наоѓа на третата позиција, со три бода позитива во однос на Аталанта и четири во однос на Милан и на Рома.

Составот на Спалети доминираше во дуелот со последнопласираниот Киево. Матео Политано во 39.минута го постигна водечкиот гол за Интер, а Киево во финишот остана со играч помалку поради исклучувањето на Ригони. Во 86.минута, Иван Перишиќ ја потврди победата на Интер.

Се вчитува...