Интер и Лацио со победи во трка за ЛШ

Екипите на Интер и на Лацио забележаа значајни победи со кои останаа во трка за третото и четвртото место заедно со Рома, пласман што значи учество во Лигата на шампионите наредната сезона.

Интер гостуваше на незгодниот тим на Киево, но во вториот дел успеа да го скрши отпорот на домашната екипа и да слави со 1-2. ВАР-технологијата го потврди голот на Икарди во 52. минута за водство од 0-1, пред Перишиќ девет минути подоцна да зголеми на 0-2. Киево во 90. минута успеа да постигне почесен гол, но немаше доволно време за „жолтите“ да се вратат назад во натпреварот.

Лацио ја искористи предноста на домашниот терен и убедливо славеше над Сампдорија со 4-0. Милинковиќ Савиќ ја отвори серијата голови на „Олимпико“, а потоа меѓу стрелците се запишаа и Де Фрај и двојниот стрелец Имобиле.

На четири кола до крајот на сезоната Рома и Интер се наоѓаат на делба на третото и четвртото место со по 67 бода, еден повеќе од петтопласираниот Интер.

Кротоне по ремито со Јувентус сега стигна до огромна победа на гостувањето против Удинезе, три бода со кои оваа екипа го прескокна СПАЛ во битката за опстанок и моментно се наоѓа на 17. позиција на табелата.

Резултати Италија:

Удинезе – Кротоне 1-2, Киево – Интер 1-2, Лацио – Сампдорија 4-0, Аталанта – Торино 2-1, Калјари – Болоња 0-0.

Се вчитува...