Интер и Милан објавија: Градиме нов стадион – „Катедрала“!

Денес се отстранети дилемите. Милан и Интер заеднички објавија дека ќе градат нов стадион кој ќе го носи името „Катедрала“. Иако се големи и лути ривали, сепак, се согласија на еден ваков проект.

Капацитетот ќе биде меѓу 60 и 65 илјади гледачи, со тоа што бројот на ВИП седиштата и на ложата ќе биде значително поголем од сегашниот. Така се очекува двата клуба да имаат приходи по 80 милиони евра годишно од влезници и останати понуди.

Стадионот ќе биде изграден во близина на култниот стадион „Меаца“ или „Сан Сиро“ кој ќе биде срушен и ќе биде претворен во парк.

На новиот стадион паркинзите ќе бидат под земја, а многу од рекреативните и спортските активности во договор со градот ќе бидат бесплатни.

 

Се вчитува...