Интер и Милан во трка за Жан Мишел Сери

Италијанските калчолигаши Интер и Милан се во трка за ангажман на францускиот интернационалец Жан Мишел Сари. Англискиот тим испадна од Премиер – лигата и сериозно размислува за продажба на најскапиот фудбалер кој би се преселил во Италија.

Новото раководство на Милан е подготвено да плати 30 милиони евра за негов ангажман, а предизвикот го прифаќа и Антонио Конте, новиот тренер на Интер, кој сака да го има како дел од тимот за новата сезона. Сери минатата сезона постигна еден гол и имаше три асистенции во дресот на Фулам.

Се вчитува...