Интер и Рома одиграа реми без голови на „Џузепе Меаца“

Интер и Рома одиграа нерешено 0-0 во воведниот натпревар од 15. коло во италијанската Серија А. Домаќините иако беа за нијанса подобар противник, добрата игра не успеаја да ја материјализираат и на крајот мораа да се задоволат со нерешено.

Со овој бод Интер останува на водечката позиција во Серија А со 38 бода, односно два повеќе од второпласираниот Јувентус кој утре против Лацио ќе го одигра својот меч од 15. коло. Рома останува четврта со 29 бода, еден повеќе од Калјари.

 

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...