Белгискиот интернационалец Јан Фертонген по осум години заминува од таборот на англискиот премиерлигаш Тотенхем, а негова следна дестинација би можела да биде Италија. Интер и Рома се клубовите кои се сериозно заинтересирани за потписот на дефанзивецот кој доаѓа како слободен агент.
Антонио Конте одлично ги познава квалитетите на Јан Фертонген од периодот кога работеше во Премиер – лигата и би сакал да го има искусниот одбранбен фудбалер во составот за наредната сезона. Ова посебно откако Диего Годин најави можно заминување од „Џузепе Меаца“ по само една сезона.
Рома исто така бара квалитетен дефанзивец со оглед дека истекува позајмицата на Крис Смолинг. Тој треба да се врати на „Олд Трафорд“ иако двата клуба се во преговори и за комплетно откупување на договорот. Но, „волчицата“ секако би сакала да го добие и Јан Фертонген бидејќи би ангажирале искусен и квалитетен фудбалер без да платат отштета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА