Интер и Рома заборавија да победуваат: И меѓу себе ремизираа!

Интер и Рома заборавија да победуваат во италијанскиот шампионат. Ремизираа и меѓу себе (1-1) во 21. коло од Серија А.

Рома поведе со голот на Ел Шарави во 31. минута, но Вецино со голот во 86. минута не дозволи триумф за „волчицата“ израмнувајќи за конечни 1-1.

Ова е шестти едноподруго натпревар за Интер во кој не знае за победа, со два порази и четири ремија. За Рома, пак, и четврти едноподруго натпревар без триумф, со две ремија и два порази.

Интер сега со 43 бода се израмни на третата позиција со Лацио, додека Рома е на 5. место во Серија А со 40 бода. Лидер е Наполи со 54 бода пред Јувентус кој е со 50 бода.

Се вчитува...