Интер остана единствен тим со максимален ефект на гостувањата во „Серија А“ откако „нероаѕурите“ славеа с со 1-2 во битката против Бреша.
Ремито со Парма на домашен терен беше експресно оставено зад себе, па Интер денеска одигра одлично пред се во првото полувреме, во кое покрај голот на Лаутаро имаше и неколку убави шанси. Бреша се отвори и тргна во офанзива во вториот дел, Лукаку постигна прекрасен погодок од контранапад, а се што успеаја домаќините да сторат беше ублажување на поразот преку автоголот на Шкрињар.
Интер со оваа победа се искачи на првото место на табелата пред Јувентус, кој утре ќе ја пречека Џенова.
Lautaro Martinez scores the opening goal for Inter against Brescia after a huge deflection!#Brescia #InterMilan
— RouteOneFootball (@RouteOneFootbal) October 29, 2019
Brescia 0-2 Inter – Lukaku – what a fucking goal. Inter kill them on the counter attack. pic.twitter.com/DTTHvJp4SC
— InterYaSoul (@InterYaSoul) October 29, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА