Интер има силен напад, ама и проблеми во одбраната

Интер го совлада Беневенто на гости со 2-5 и покажа дека оваа сезона ќе биде неверојатно ефикасен, но исто така има и проблеми во одбраната. Откако првиот меч против Фиорентина тимот на Антонио Конте го доби со 4-3, продолжи да игра со отворен гард.

Ромелу Лукаку постигна гол по само 29 секунди за водство, Роберто Галјардини зголеми на 0-2, а повторно Лукаку беше стрелец на третиот гол. Беневенто намали преку Капрари, но пред крајот на првиот дел Ашраф Хакими уште еднаш ја затресе мрежата на домаќинот за 1-4.

Во вториот дел, Лаутаро Мартинез погоди откако го замени Ромелу Лукаку, а Џанлука Капрари во 76.минута уште еднаш го надмудри Хандановиќ.

Илија Несторовски влезе во игра во 64.минута во тимот на Удинезе, но не успеа да спаси бод. Специја ги однесе трите бода од Удине славејќи со 0-2 со двата гола на Андреј Галабинов во 29.минута и во 95.минута.

Се вчитува...