Интер ја прифати последната понуда од Наполи за Икарди

Интер ја прифати последната понуда од Наполи во висина од 65 милиони евра за услугите на Мауро Икарди, пренесува „Кориере дело спорт“.

Според најавите престојниов викенд неговата сопруга и менаџерка Ванда Нара оди на финални преговори со Наполи околу индивидуалните услови за трансфер. „Кориере“ потенцира дека Икарди и натаму посакува најпрво ако може да се пресели во Јувентус, но согласно последните понуди Аргентинецот би можел да прифати да настапува за Наполи.

Се вчитува...