Интер ќе го купи Миленковиќ ако го продаде Шкриниар на Тотенхем

Дефанзивецот на Фиорентина, Никола Миленковиќ, би можел да пристигне во Милано, но на крајот да заврши во редовите на Интер. За него долг период е заинтересиран и Милан, но „росонерите“ не се подготвени за него да платат 40 милиони евра. Сепак, тоа би можел да го стори Интер, но под услов ако го продаде Милан Шкриниар во Тотенхем.

Словакот е на излезна врата од „Џузепе Меаца“, Жозе Мурињо е заинтересиран да го види во Тотенхем, а сумата е околу 60 милиони евра. Дел од тие финансии ќе бидат потоа употребени за да биде ангажиран Никола Миленковиќ за пополнување на дефанзивниот дел од составот на Антонио Конте.

Се вчитува...