Интер ќе има нов сопственик

Шампионот на Италија Интер ќе има нов сопственик, а тоа е американскиот инвестициски фонд Oaktree, пренесуваат италијанските медиуми.

Ова стана факт откако претходниот газда на „нероаѕурите“ – Кинезот Стивен Жанг и неговата компанија „Сунинг“ не успеаја да ја платат сумата за рефинансирање на долгот кон Американците од близу 380 милиони евра заедно со каматата. Бизнисменот тоа требало да го стори до вчера на полноќ.

Така, Американците од Oaktree Capital Management ќе бидат новите сопственици на Интер, а можно е да се бара и продажба на клубот.

Денеска се очекува официјално соопштение од американскиот инвестициски фонд за потврда на веста. Ќе бидат потребни околу 15-20 дена за да се избере нов одбор на директори и да се свика собрание на акционери. Се очекува поголема моќ да добие извршниот директор Бепе Марота.

Се вчитува...