Интер ќе „пазари“ од Германија: Спалети ги сака Даглас Коста и Џулијан Брант

Италијанскиот калчолигаш Интер сака да доведе неколку нови засилувања во пресрет на новата сезона, а новиот тренер Лучијано Спалети својот поглед го насочи кон Бундес-лигата. Тој има желба во својот тим да ги ангажира Даглас Коста од Баерн Минхен и Џулијан Брант од Баер Леверкузен.

Со ова ќе биде надоместено заминувањето на Хрватот Иван Перишиќ, кој е блиску до трансфер во англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед.

Баерн Минхен за Даглас Коста бара сума од 50 милиони евра, додека Џулијан Брант би ги чинел „нероаѕурите“ дополнителни 25 милиони евра. Сепак, кинеските сопственици му ветија на тренерот Спалети дека ќе се обидат да ги исполнат неговите желби околу засилувањата за ова лето.

Се вчитува...