Интер конечно победи после два месеци, Џенова славеше – поништен гол на Пандев

Интер конечно стигна до победа во Серија А, славејќи во 24. коло со 2-1 на домашен терен против Болоња.

„Нераѕурите“ по повеќе од два месеци и осум едноподруго меча (шест ремија и два порази) конечно стигнаа до триумф во италијанскиот шампионат. Од 3. декември кога славеше против Киево со 5-0, Интер не знаеше за триумф во Серија А, за сега да слави против Болоња.

Стрелци на головите за тимот од Милано беа Едер во 2. минута и Карамох во 63. минута, а Палацио го постигна единствениот погодок за гостите.

Џенова со голот на Лаксалт во 91. минута славеше со 0-1 на гостувањето против Киево.

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев го одигра целиот натпревар за Џенова на кој одигра одлично во нападот. Пандев постигна и гол за гостите, но оправдано беше поништен поради офсајд позиција, a во 86. минута преку соло акција се избори за одлична шанса но домашниот голман го одбрани неговиот обид.


Џенова по оваа победа се искачи на 12. место на табелата во Серија А со 27 бода.

РЕЗУЛТАТИ – 24. КОЛО

Интер – Болоња 2-1

Киево – Џенова 0-1

Сампдорија – Верона 2-0

Торино – Удинезе 2-0

Рома – Беневенто (20:45 ч.)

ТАБЕЛА: Наполи 63 бода, Јувентус 62, Интер 48, Лацио 46, Рома(-1) 44, Сампдорија 41, Милан 38, Аталанта 37,…

Се вчитува...