Интер го амнестираше Наинголан, Белгиецот на терен против Емполи

Интер настојува што поскоро да ја заврши „сагата“ околу Раџа Наинголан, па управата на „нероаѕурите“ реши да ја прекине суспензијата на белгискиот фудбалер изречена минатиот викенд. Наинголан беше казнет поради „непрофесионален однос“ по ремито со Киево, тој воопшто не беше во тимот на дуелот со Наполи, но клупските директори решија тој повторно да му биде на располагање на тренерот Спалети за денешниот дуел со Емполи.

Последната одлука сепак ќе ја има самиот тренер, кој ќе треба да реши дали Наинголан ќе се појави во стартниот тим, или пак дуелот ќе го следи од клупата за резерви.

„Играчот беше казнет за своето однесување, сега таа казна е завршена и случајот е затворен. Раџа цело време тренираше со екипата, така што тренерот знае дали и колку тој е подготвен да игра на наредниот натпревар“ – истакна директорот Марота.

Се вчитува...