Италијанскиот калчолигаш Интер нема да го чека Ромелу Лукаку, туку ќе се фокусира на Единсон Кавани. „Нероаѕурите“ сакаат да го вратат Уругваецот во Серија А и ќе му понудат тригодишен договор со заработка од 9 милиони евра по сезона. Дополнително, по истекот на овој договор, Кавани би можел да продолжи во Кина како играч на Џиангсу Сунинг, чии сопственици се во релација со раководството на Интер.
Тренерот на Интер, Антонио Конте, посакува нов голгетер во тимот посебно што повеќе од јасно е дека Мауро Икарди ќе си замине од „Џузепе Меаца“. Изборот на фудбалери во навалната линија воопшто не е голем, па новиот шеф на стручниот штаб инсистира да се доведе квалитетен напаѓач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА