Интер му се закани на Икарди – Нивната одлука може да значи крај на кариерата за Аргентинецот?

Мауро Икарди на почетокот на подготовките за новата сезона дозна дека е вишок во тимот на Интер, но и покрај тоа тој не сака да го напушти „Џузепе Меаца“.

Икарди има понуди на маса, но тој не сака да ги прифати бидејќи неговата сопруга Ванда Нара е бремена и не сака да го напушти Милано. Тој му се закани на клубот со тужба, но Интер планира да му се одмазди на Икарди за неговата одлука.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер ќе го остават Аргентинецот на трибините следните две години, односно до крајот на договорот. Од Интер се свесни дека може да бидат оптужени за мобинг, но со одлуката сакаат да го натераат да замине од „Џузепе Меаца“.

Се вчитува...