Интер на „ѓаволски погон“ кон титулата во Италија, нов кикс на Јуве (ВИДЕО)

Очигледно засилувањата на Интер од Манчестер Јунајтед се главниот фактор за враќањето на титулата од Серија А на „Џузепе Меаца“, откако и во денешната победа на „нероаѕурите“ над Верона херој беше Матео Дармијан. Италијанецот злато вредниот гол во борбата за титула го постигна во 76. минута.

Радоста за избраниците на Конте е уште поголема бидејќи Јувентус одигра само нерешено 1-1 на гостувањето кај Фиорентина. Влаховиќ од пенал донесе водство за „виолетовите“, додека конечните 1-1 ги постави Алваро Мората.

 

Се вчитува...