Интер на лето го носи Дрис Мертенс

Италијанскиот калчолигаш Интер се вклучи во трката за ангажман на белгискиот интернационалец Дрис Мертенс. Тој на крајот од сезоната ќе замине од Наполи како слободен агент, а покрај Рома и Јувентус сега и Џузепе Марота сака да го доведе на „Џузепе Меаца“.

Антонио Конте е голем фан на Мертенс, а фудбалерот е одличен пријател со Ромелу Лукаку кој ја оживеа кариерата откако од Манчестер Јунајтед пристигна во Милано.

Аурелио де Лаурентис можеби ќе сака да го продаде и во зимскиот преоден рок по побуната во клубот, иако Дрис Мертенс веќе шест сезони е дел од Наполи и за клубот има 296 натпревари, 116 гола и 69 асистенции.

Се вчитува...