Интер на маса со Реал – темата е Хамес Родригез

Интер планира да потроши над 100 милиони евра на засилувања во летниот преоден рок, а челниците на клубот од Милано веќе почнаа и со преговори за фудбалерите кои посакуваат да ги видат во своите редови почнувајќи од 1 јули. Првиот човек на Интер, Жанг Јиндон, се наоѓа во Шпанија каде се сретнал со Флорентино Перез и дискутирал за можноста на „Џузепе Меаца“ да го донесе Хамес Родригез.

Колумбиецот е далеку од стандарден првотимец, а сега со враќањето на Герет Бејл неговата минутажа во Реал Мадрид уште повеќе ќе се намали. Тој остана во Реал во текот на јануарскиот преоден рок, но речиси сигурно е дека во текот на летото ќе ги промени клупските бои. Италијанските медиуми тврдат дека Интер веќе подготвил и понуда во висина од 50 милиони евра за екс-фудбалерот на Монако, но прашање е дали оваа сума ќе биде доволна со оглед на фактот дека Реал досега бараше 70 милиони за Хамес.

Покрај Интер, сериозен интерес за овој фудбалер искажуваат и Челси и Манчестер јунајтед, но двата англиски клубови се уште немаат почнато официјални разговори со Реал Мадрид.

Се вчитува...