Интер „на пенал“ кај Ванда: Некому му недостига Мауро…

Интер го загуби големото дерби од Јувентус, а со самото тоа и лидерската позиција на табелата во „Серија А“. Ванда Нара цело лето водеше војна со „нероаѕурите“, па сопругата на Мауро Икарди очекувано не ја пропушти шансата да го „пецне“ клубот што подолго време го изолираше Аргентинецот од првата екипа.

„Можам да кажам дека на Мауро не му недостига Интер. Но, можеби некому му недостигаше Мауро. Тој има постигнато осум гола на 11-те средби за Интер против Јуве“ – прокоментира Ванда Нара.

Се вчитува...