Интер на раб да прокоцка победа, но извлече три бода… (ВИДЕО)

Интер стигна до сосема заслужена победа од 3-4 на гостувањето против Сасуоло во 8. коло од Серија А. Но, „неразурите“ лесно можаа и до прокоцкаат три бода откако дозволија домашните да стигнат и до негатива од само еден гол по предноста од 1-4.

Интер дојде до брзо водство со убавиот погодок на Мартинез уште во 2. минута, домашните израмнија преку Бернарди во 16. минута, но со два гола на Лукаку, тимот од Милано пред полувремето стигна до 1-3.

Во второто полувреме Мартинзе од пенал во 71. минута донесе и 1-4, за да Сасуоло со головите Ѓуричиќ и Бога успее да стигне само до 3-4.

Се вчитува...