Интер не ја победи Парма, остана зад Јуве

Интер не успеа да го искористи „киксот“ на Јувентус на гостувањето против Лече и да се врати на врвот на табелата во Серија А. „Нероаѕурите“ ремизираа 2-2 на домашен терен против Парма и останаа со еден бод негатива во однос на Јуве. Составот на Антонио Конте имаше водство, но потоа и негатива на дуелот со Парма. На крајот освои бод.

Антонио Кандрева во 23.минута донесе водство за Интер, но само три минути подоцна израмни Јан Карамо. Парма искористи уште едно невнимание на домаќинот и направи комплетен пресврт со голот на Жервињо во 30.минута.

Во вториот дел, Ромалу Лукаку израмни на 2-2, но Интер немаше сили за нов пресврт и освојување на три бода на овој меч.

Се вчитува...