Интер не ја прекина „црната серија“ и против Спал

„Црната серија“ без победа на Интер во италијанскиот шампионат продолжува и понатаму. „Нероаѕурите“ не успеаја да победат ниту на гостувањето против Спал, играјќи 1-1. Домашниот тим во самата завршница стигна до реми и еден бод, откако Алберто Палоски во 90.минута го постигна израмнувачкиот погодок.

Интер поведе со автоголот на Франческо Викари во 48.минута од натпреварот, но не успеа да ја задржи предноста до самиот крај. На последните четири меча, тимот на Спалети ремизира последователно.

Се вчитува...