Интер не успеа да го „скрши“ отпорот на Удинезе

Интер не успеа да го скрши отпорот на Удинезе играјќи натпревар без голови на гостувањето во Удине во 35. коло од Серија А.

„Нераѕурите“ беа далеку подобар тим на теренот од домашните, но и покрај серијата шанси не успеаја да стигнат до погодок. Наинголан во првото и потоа Мартинез и Кеита во второто полувреме имаа одлични шанси но не реализираа.

Со овој бод Интер сна три кола до крајот на шампионатот со 63 бода е на седум од второпласираниот Наполи, но и се уште со сигурна позиција за Лигата на шампионите пред Аталанта, Рома, Торино и Милан.

Се вчитува...