Интер не заборава: Специјален подарок за Горан Пандев (ФОТО)

Горан Пандев се пофали со пријатното изненадување што му го испрати поранешниот клуб Интер, пратка со маици по повод историскиот успех на „нероаѕурите“ при освојувањето на тројната круна.

Пред десет години Интер имаше сезона за паметење, освои двојна круна во Италија, за потоа успехот да го круниса со победата во финалето од ЛШ над Баерн Минхен. Пандев нешто подоцна се пресели во Наполи, но останаа спомените од легендарната генерација на Интер во која играа и Милито, Ето, Снајдер, Матераци…

По повод јубилејот – десет години од историската тројна круна, Интер им достави на сите членови на таа шампионска генерација специјални маици на кои пишува „Безвременски 2010“, а денеска специјалната пратка стигна и на адресата на Македонецот во Џенова.

Се вчитува...