Интер: Ништо под 70 милиони евра за Шкриниар

ПСЖ веќе неколку недели преговара за трансфер на Милан Шкриниар од Интер, но засега трансферот не е ни блиску до реализација. Наводно Парижаните испратиле неколку понуди за ангажман, а последната изнесувала 60 милиони плус Јулијан Дракслер.

Но, „нероаѕурите“ не сакаат да чујат за никаква цифра под 70 милиони евра. Се очекува ПСЖ да ја зголеми понудата се со цел словачкиот фудбалер да ја засили одбраната на Парижаните.

ПСЖ има план да ангажира стопер. Беше во комбинација и Свен Ботман, но тој замина во Њукасл. Сега фокусот е на фудбалерот од Словачка. Наводно ПСЖ ги договорил личните барања со Шкриниар, и сега останува само двата клуба да се договорат.

Во исто време ПСЖ преговара со Џанлука Скамака од Сасуоло. Италијанскиот тим бара дури 50 милиони евра за неговите услуги.

Се вчитува...