Актуелниот италијански првак и финалист во Лигата на шампионите Интер, ја разгледува можноста да го засили нападот, и тоа со играч кој е баран од многумина и кој нема да ги чини ништо „нероазурите“.
Станува збор за Џонатан Дејвид, кој ова лето ќе го напушти Лил како слободен агент. За него покрај Интер, се интересираат и Баерн Минхен, Наполи, Ливерпул и Челси.
Според последните информации, Дејвид имал две барања: прво плата од 5 милиони евра по сезона, а второто барање е поголема минутажа, односно сака да оди во клуб каде што ќе има главна улога во нападот. Интер веќе ги има Лаутаро, Турам, Арнаутовиќ и Тареми, но Арнаутовиќ е на излезна врата, па тренерот Симоне Инзаги сака да се засили со нов напаѓач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА