Интер од „бездната“ до финале на Купот на Италија (ВИДЕО)

Двојната круна во Италија е реалност за екипата на Интер, откако „нероазурите“ се пласираа во големото финале на Купот на Италија со победата над Комо од 3-2, и тоа по пресврт откако гостите имаа предност од 0-2 на „Џузепе Меаца“. Мечот имаше неверојатна драматична завршница во која Комо имаше предност до 86. минута, а потоа Интер со два брзи гола успеа да го сврти резултатот, и на крајот да не му дозволи на гостинот да се избори за продолженија. Првиот меч меѓу овие два тима заврши без голови.

Батурина во 32. минута успеа да донесе предност за Комо. Кога Да Куња погоди во 48. минута од средбата, се чинеше дека Комо ќе испише историја, но…

Така не мислеше Чалханоглу. Во 69. минута намали, а во 86. минута успеа и да израмни. Се чекаа продолженија, но нив не ги дозволи Сучиќ кој што во 89. минута ги постави конечните 3-2. 

Противник во финалето на Интер ќе биде подобриот од дуелот Аталанта  – Лацио. Првиот меч заврши без победник 2-2.

Се вчитува...