Интер одби 50 милиони евра за Шкринијар

ПСЖ ќе го задржи атомскиот напад, но приоритет на францускиот првак ќе биде засилување на одбранбената линија, при што на врвот на листата со желби се наоѓа Милан Шкринијар.

Словачкиот репрезентативец е столб на одбраната на Интер во последните неколку години, но „нероаѕурите“ се подготвени да го продадат доколку добијат примамлива понуда. Француските медиуми информираат дека ПСЖ пред неколку дена понудил 50 милиони евра на Шкринијар, но дека Интер експресно ја одбил оваа понуда.

Италијанскиот вицепрвак инсистира на отштета од 80 милиони евра, а Интер ја отфрлил и опцијата ПСЖ во понудата да вклучи некој од фудбалерите од кои „светците“ сакаат да се ослободат во текот на летово.

Се очекува преговорите да продолжат во наредните денови, но останува да се види дали „светците“ ќе се согласат да платат богатство за Шкринијар.

Се вчитува...