Интер остана без Д’Амбросио по настапот за Италија

Дефанзивецот на Интер, Данило Д’Амбросио, ќе отсуствува од терените одреден период по скрешницата на прстот на ногата. Оваа повреда ја заработи на мечот меѓу Италија и Грција по кој „аѕурите“ го осигураа учеството на Европското првенство 2020 година.

Но, Д’Амбросио се врати повреден на „Џузепе Меаца“, а деталните лекарски прегледи покажаа дека се работи за фрактура на четвртиот прст на десната нога. Тој ќе мора да мирува одреден период, а неговото враќање на терените се очекува за еден месец.

Се вчитува...