Интер остана со празни раце: Шкриниар од јули за без пари во ПСЖ

Дефанзивецот на Интер, Милан Шкриниар на лето како слободен играч ќе се пресели во редовите на францускиот шампион ПСЖ, по завршувањето на соработката со италијанскиот гигант.

Фабрицио Романо објави дека Шкриниар ставил потпис на соработка, која ќе почне да важи од јули, а Интер ќе остане со празни раце, иако можеше да го продаде дефанзивецот минатото лето за 60 милиони евра.

Се вчитува...