Интер по дербито ги бојкотираше медиумите – Брозовиќ: „Не загубивме!“

Не стивнува сумирањето впечатоци по извонредната дерби пресметка во Серија А, во која Јувентус славеше по голем пресврт со 2-3 на гостувањето против Интер во Милано.

Дуелот, покрај исклучувањата, го одбележаа и два автогола и многу спорни судиски одлуки на кои им помагаше и ВАР технологијата. Во редовите на Интер беа и тоа како бесни по натпреварот, притоа фудбалерите не сакајќи да застанат пред медиумите во микс-зоната за вообичаените изјави.

Хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ, чии солзи по мечот ги забележаа и камерите, единствено им се обрати на фановите преку својот Инстаграм профил…

„Интер не загуби. Ги дадовме своето срце и душа. Резултатот зависеше од нешто кое нема врска со нашата претстава“ – напиша Брозовиќ.

Се вчитува...