Интер почна да продава дресови на Дибала (ФОТО)

Интер и Јувентус разговараат за евентуална размена на Пауло Дибала за Мауро Икарди, а работите стигнаа до таа фаза што во Милано веќе можат да се купи и дрес на „нероаѕурите“ со името на Дибала.

Секако, не во оригинална верзија, но реплики од овој дрес се продаваат пред „Сунинг Центар“ во непосредна близина на тренинг-базата на Интер.

Дел од медиумите денеска информираа дека Дибала одбил да се пресели на „Џузепе Меаца“, но во Интер не губат верба дека ќе успеат да го убедат асот на Јувентус да им се приклучи за наредната сезона.

Се вчитува...