Интер подготвува 30 милиони за соиграч на Несторовски

Калчолигашот Интер ќе мора да плати 30 милиони евра доколку во своите редови сака да го доведе фудбалерот на Удинезе Родриго де Паул.

„Нероаѕурите“ сакаат во јануари да го засилат средниот ред, а една од опциите е и младиот фудбалер на Удинезе. Сепак, доколку сакаат Де Паул да се пресели на „Џузепе Меаца“ клубот ќе мора да му плати на Удинезе 30 милиони евра. Аргентинецот сезонава во Удинезе запиша 10 настапи на кои постигна еден гол и две асистенции.

 

Се вчитува...