Интер подготвува нов договор за Инзаги

Тренерот на италијанскиот калчолигаш, Интер Симоне Инзаги наскоро ќе потпише нов договор со клубот како награда за извонредната сезона во која „нероаѕурите“ само чудо може да ги спречи од освојување на Скудетото, пренесуваат италијанските медиуми.

Актуелниот договор истекува на крајот на сезоната во 2025 година, но раководството на тимот сака да го задржи италијанскиот стартег на клупата на тимот најмалку до 2027 година.

Симоне клубот од Милано го превзема во 2021 година по ангажманот во Лацио и оттогаш освои вкупно пет трофеи – два во Купот и три во Суперкупот на Италија. Претходната сезона го предводеше Интер и до финалето во Лигата на Шампионите каде сепак не успеа да слави против Манчестер Сити.

Се вчитува...