Интер подобар од Тотенхем по изведување на пенали (ВИДЕО)

Италијанскиот Интер по изведувањето на пеналите го совлада Тотенхем во Интернационалниот куп на шампионите.

Клубот од Лондон поведе со 1-0 со голот на Лукас Моура уште во 3. минута. До крајот на полувремето Интер заигра подобро, а одличната игра ја материјализираше со голот на новото засилување Стефано Сенси кој стрелаше во 34. минута.

До крајот на 90. минути резултатот остана 1-1, по што следуваше изведување на пенали во кое подобро се снајде италијанскио тим. За Тотенхем од белата точка промашија Ериксен во првата и Скип во последната серија, додека за Интер единствениот пенал не го реализираше Пушкаш исто така во првата серија.

 

Се вчитува...