Интер понуди 15 милиони евра, Џеко е на чекор до „Џузепе Меаца“

Един Џеко се наоѓа на чекор до преселба во Интер откако „нероаѕурите“ ја зголемија понудата што ќе ја испратат до Рома за босанскиот голгетер. Преговорите меѓу клубовите речиси цел месец беа блокирани откако Интер не нудеше повеќе од 10, а „волчицата“ инсистираше на 20 милиони евра отштета за својот најдобар стрелец.

Сепак, очајната потреба на Антонио Конте за нов голгетер придонесе „нероаѕурите“ да тргнат во завршна офанзива, па на денешната рунда преговори беа понудени 15 милиони евра. За утре се закажани нови разговори на кои се очекува да се дискутира околу дел од клаузулите, по што се очекува да биде постигнат и целосен договор.

Ангажманот на Џеко не значи и откажување од Лукаку, за чиј трансфер преговорите со Манчестер Јунајтед ќе се интензивираат во следните 48 часа.

Се вчитува...