Интер постави нов рекорд

Интер под водство на Антониот Конте одлично ја отвори сезоната во италијанската Серија А, а единствен кикс досега беше ремито со Славија Прага (1-1) во првото коло од Лигата на шампионите. Тие одлично ја завршија и минатата сезона во која успеаја да се квалификуваат во елитното европско натпреварување.

Покрај одличните партии, на „нероаѕурите“ одлично им оди и во заработката. Клубот објави дека минатата сезона заработиле 415 милиони евра, што претставува нов рекорд за клубот. Заработувачката претставува пораст од 20 отсто во однос на сезоната 2017/2018 кога Интер инкасираше 346 милиони евра.

Се вчитува...