На 16 јули, играчите на Интер ќе патуваат во Германија на подготвителниот период пред новата сезона, а желбата на Кристијан Киву е дотогаш да обезбеди три засилувања.
Првиот е веќе јасен, тоа ќе биде Иван Проведел, голманот кој играше во Лацио во претходната сезона и кој ќе биде платен 3.000.000 евра, но тоа нема да биде крај со него. Умар Соле е фудбалер кој е голема желба на тренерскиот штаб на Интер. Францускиот фудбалер игра за Удинезе, станува збор за стопер кој има само уште една година од договорот, поради што Интер е во одлична преговарачка позиција. Токму тој ќе ја гради иднината на одбраната на Интер со оглед дека тимот треба да го напуштат Ачерби, Дармијан и Де Фрај.
Наводно, Соле, според информациите на „Газета“, само чека зелено светло од клубот и е подготвен да се пресели во Интер.
Трета желба за италијанскиот шампион е фудбалерот на Ливерпул, Кертис Џонс. Играчот на „црвените“ можеби ќе мора да биде жртвуван и продаден, цената е околу 30 милиони евра, плус проценти од следната продажба, а клубовите се блиску до реализација. Интер и Џонс веќе се договориле за сите услови, договор до 2031 година, како што изјави италијанскиот новинар Николо Скира.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
