Интер потврди: Икарди и Наинголан си одат од „Џузепе Меаца“

Мауро Икарди дефинитивно ќе си замине од таборот на Интер во текот на летниот преоден рок, а заедно со него куферите ќе си ги спакува уште еден стандарден првотимец. Станува збор за Белгиецот Раџа Наинголан, кој не ги оправда очекувањата по ланскиот трансфер од Рома, па летово ќе си замине од „Џузепе Меаца“. Информацијата ја потврди директорот на Интер, Џузепе Марота, истакнувајќи дека двајцата играчи не се дел од плановите на новиот тренер Антонио Конте.

„Кога градите нов проект неопходен ви е вистинскиот профил на луѓе. Имавме можност да разговараме со Икарди и со Наинголан и со сета должна почит им објаснивме каков е нивниот статус и зошто е тоа така. Двајцата знаат дека не се дел од плановите за следната сезона. Тоа не значи дека не станува збор за добри играчи бидејќи сите знаеме за какви врвни фудбалери говориме. Сепак, наша цел е да создадеме силен тим со добра атмосфера во него“ – истакна Марота.

Во трка за Икарди се наоѓаат Наполи и Јувентус, додека Наинголан доби понуди од Премиер-лигата, како и од далечната Кина.

Се вчитува...