Интер прифати, Икарди ја напушта Италија

Мауро Икарди е чекор поблиску до заминување од Интер откако управата на „нероаѕурите“ конечно прифати една понуда за својот поранешен капитен. Интересно, таа не е ниту од Јувентус, ниту од Наполи, двата клуба кои досега водеа „војна“ за Аргентинецот, туку од францускиот прволигаш Монако, кој реши да се вклучи во трката и експресно најде заеднички јазик со клубот од Милано.

Генералниот менаџер на клубот, Олег Петров, во изминатите 48 часа водеше интензивни преговори со Џузепе Марота, за на крајот да ја понуди сумата што Интер ја бараше – 65 милиони евра за аргентинскиот ас. Сега следи потешкиот дел од задачата, да се убеди фудбалерот на трансфер, но Монако има лек и за тоа – плата од 12 милиони евра по сезона или речиси двојно повеќе од она што го нуди Наполи.

Не е тајна дека желба на Аргентинецот е да замине во Јувентус, но веќе и на него му станува јасно дека таков трансфер нема да се случи летово поради неможноста на „старата дама“ да се ослободи од прекубројните напаѓачи (Манџукиќ, Игуаин и Дибала), па преселбата во Монако е многу реална опција за Монако.

Се вчитува...