Интер реди победи, двајца повредени во „поплавата“ во Торино

Интер нема намера да се откаже од трката за скудетото, на триумфот на Јувентус во Бергамо одговарајќи со победа од 0-3 на жешкиот терен во Торино.

Теренот беше очаен за игра поради обилниот дожд што паѓаше во Торино во текот на денот, но избраниците на Конте одлично се снајдоа и уште во првото полувреме го решија победникот. Лаутаро Мартинез го постигна водечкиот гол, по што на 0-2 зголеми дефанзивецот Де Фрај. Ромелу Лукаку ги постави конечните 0-3, по што Интер повторно заостанува само еден бод за Јувентус во трката за шампионскиот трофеј.

Очајниот терен за игра во Торино зеде и свои „жртви“, па така домашниот капитен Андреа Белоти мораше да биде заменет уште во 12. минута, а во финишот од првото полувреме поради повреда на коленото теренот го напушти и плејмејкерот на Интер, Николо Барела.

Се вчитува...