Интер рутински против Парма (ВИДЕО)

Актуелниот шампион на Италија, Интер стигна до нова рутинска победа откако денеска славеше на домашен терен против Парма со 3-1 во премиерниот меч од 15. коло во Серија А.

Водство за домаќините од 1-0 донесе Димарко во 40. минута. На 2-0 зголеми Барела во 56. минута, додека 3-0 беше во 67. минута со погодокот на Маркус Турам. До крајот гостите успеаја само да го ублажат поразот со автоголот на Дармијан во 81. минута.

Inter [3] – 0 Parma – M. Thuram 67'
byu/Dahleb insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...