Интер сака да го потпише Ериксен пред мечот со Калјари

Италијанскиот калчолигаш, Интер сака да го доведе Кристијан Ериксен на „Џузепе Меаца“ колку може побрзо, како би бил подготвен за мечот против Калјари кој е закажан за следната недела.

„Неро-аѕурите“ на Тотенхем треба да му исплатат само 15 милиони фунти, како би го довеле неверојатниот Данец во своите редови. Покрај Ериксен, директорот на Интер, Пепе Марота на „Џузепе Меаца“ сака да ги доведе и Оливие Жиру и Виктор Моузес од Челси.

Интер е еден од најагресивните клубови на трансфер пазарот. Досега го доведоа Ешли Јанг, а Антонио Конте не е задоволен од ростерот кој го има и бара од раководството да добие засилувања како би можел да го загрози Јувентус во борбата за трофејот во Серија А.

Се вчитува...