Интер сака да го задржи Хандановиќ до 2022 година

Италијанскиот калчолигаш Интер сака да го задржи голманот Самир Хандановиќ на „Џузепе Меаца“ до 2022 година и ќе му понуди нов договор за продолжување на соработката. Тековниот договор на словенечкиот интернационалец е до 2021 година.

Хандановиќ одличната сезона, а во последното коло го спаси Интер со неколку одлични интервенции против Емполи и ја осигура победата со која клубот се пласираше во Лигата на шампионите. Новиот договор треба да биде и награда за неговите одлични настапи.

Словенецот изминатата сезона во дресот на Интер во Серија А прими 33 гола на 38 натпревари, а имаше дури 17 меча на кои не се тресеше неговата мрежа.

Се вчитува...